Попоски: Македонските иселеници се први амбасадори на земјата во странство

Од:

Македонија има бројна дијаспора која во моментот се проценува дека ја сочинуваат 470.000 луѓе, а кои можат на многу начини да и помогнат на земјата како со привлекување на туристи, така и за привлекување странски инвестиции. Досега во земјата се реализирани околу стотина големи инвестиции од страна на македонски иселеници.

Ова беше истакнато на денешната дебата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР со наслов „Значењето и улогата на дијаспората“.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски во своето обраќање истакна дека македонската дијаспора и македонските иселеници се имиџот и први амбасадори на земјата во странство и може многу да помогнат за сликата која ја градиме за нас.

Тој посочи дека особено е значајна и самоиницијативноста кај иселениците покрај напорите што Македонија и МНР ги прават за одржување на контакти со дијаспората.

– Целта ни е да ја направиме Македонија подобро место за живеење, а  во тоа сигурно може да придонесат и оние кои не живеат во Македонија, а имаат врски со нас, пред се, преку афирмација на земјата било за привлекување туристи или како добра дестинација за водење бизнис. Дали правиме доволно во тој контекст е сосема легитимно прашање, но колку и да правиме може да направиме многу повеќе, рече Попоски.

Како придонес во тој контекст го посочи изборот на пратеници од дијаспората во Собранието на Република Македонија, како луѓе со мандат да ги застапуваат нејзините видувања. Укажа и на 50-ина проекти избрани на последниот конкурс на МНР за афирмација на државата од вкупно 150 пристигнати апликации.

Дирекцијата на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов подвлече дека е во тек подготовка за формирање на Совет на иселеници-инвеститори. За искористување на потенцијалите на дијаспората, додаде тој, потребно е прецизно утврдување на нејзината бројка поради што се врши и мапирање на иселеништвото. На укажувања од дијаспората, Наумов истакна дека иселеништвото бара олеснување на процедурата на гласање преку користење на интернет-гласање и гласање по пошта имајќи ја предвид малата дипломатска мрежа и големите растојанија.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов