Попоски: Македонија останува во Авганистан и по 2014 година

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-учеснички во ИСАФ-мисијата на Алијансата во Авганистан. На состанокот на кој министрите разменија мислења за натамошните активности и улогата на НАТО во Авганистан по 2014 година, во контекст на трајното партнерство на Алијансата со оваа земја, одлучено е и Македонија да го продолжи учеството и по военото повлекување на трупите во 2014 година, во рамки на програмата за тренинг и обука на авганистанските безбедносни сили.

– Имавме министерски состанок во ИСАФ-формат во кој учествуваа сите контрибутори во мисијата на НАТО во Авганистан. Клучните пораки кои ги испративме беа перспективите до 2014 година и потоа. Република Македонија е една од најголемите контрибутиори по глава на жител во врска со военото присуство во оваа мисија и ние ќе ја засилуваме компонентата за обука и тренинг на авганистанските безбедносни сили заедно со наашите партнери од регион во рамки на Јадранската повелба. Ние и формално остануваме посветени со присуство и поддршка на Авганистан и по 2014 година. Придонесот на Македонија е на ниво и повисоко од некои земји-членки на НАТО и со таков придонес ќе можеме и да продолжиме по добивање на формално членство во НАТО, изјави Попоски за дописникотона МИА од Брисел по завршувањето на состанокот, додавајќи дека сето ова е најсилен аргумент дека и годиниве додека Македонија учествувала во овие мисии – покажала голем капацитет.

Со оглед на тоа што денешниот министерски состанок во седиштето на Алијансата во Брисел се одржува на датумот кога пред една година Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда дека Грција не смеела да го блокира македонското членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, Попоски се осврна и на оваа правна победа на Македонија. – Иако денеска проширувањето на НАТО не беше тема на дискусија на министрите, морам да потсетам дека со оваа пресуда, освен морална и реална фактичка ситуација која носи заклучок дека Република Македонија заслужува да биде членка на НАТО, тоа донесе и еден силен правен аргумент. Тоа е аргумент за сите 28 држави-членки на Алијансата да покажат посветеност кон почитувањето на меѓународното право и кон заедничките интереси и насочување кон идните предизвици што се наоѓаат пред НАТО, истакна македонскиот министер за надворешни работи.

Во рамки на овој министерски состанок во НАТО, Попоски имаше и неколку билатерални средби со неговите колеги што се наоѓаат на чело на дипломатиите на соседните земји. Според министерот, фокус на овие средби бил на она што се однесува на посветеноста на Македонија во рамки на мисијата на НАТО во Авганистан.

– Дискутиравме и за процесот на проширување, при што мојот заклучок е дека дискуисиите во моментов ја потврдуваат реалноста што ја имаме, а тоа е дека никој нема сомнеж оти Република Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како и да стане членка на НАТО. Останува да постигнат консензус во двете организации, а сето ова што го правиме им нуди можност на оние кои досега не дале поддршка на овој процес, да покажат посветеност. Мора да се гледа на придобивките како клучни и да се фокусираме што е во интерес на НАТО и ЕУ, а тоа е членство на Маедонаија во овие две меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов