Попоски: Македонија е шампион во добрососедски односи

Од:

Факт е дека се работи за динамична рамка, за најдобрите и најелаборираните заклучоци кои досега ги имал Европскиот совет, но и дека Македонија не се соочува првпат со блокада, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски, запрашан да ги коментира синоќешните заклучоци на ЕС.

– Од она што го видовме се работи за најелаборираните заклучоци за Република Македонија досега. Не е првпат да сме соочени со опструкција. Она што е значајно е дека има сериозна маса на европски лидерства како во главните градови и во земјите – членки така и во европските институции кои сакаат да го прошират полето на мир, просперитет и стабилност, она за што е и креирана самата Европска унија, изјави Попоски.

Значајно е и тоа што се исклучително нагласени сите остварувања што Република Македонија ги има остварено во изминатиот период, што, како што оцени шефот на дипломатијата, е од особено значење во услови во кои не е задржана нормалната секвенца на напредување во процесот на преговорите.

– Оваа поддршка е недвосмислена, јасно искажана и се работи на сериозна посветеност од сериозна група на лидери, земји-членки и институции. Очекувавме и посакуваме таква поддршка да биде изнесена и од соседите, изјави Попоски.

Одредувањето определена динамика, според него, може да претставува значаен придонес. – Фактот што имаме заклучоци кои даваат определена перспектива може и да се види исто така како определена придобивка, а клучното е дека се уште во овој момент немаме определено единица мерка во метричкиот систем за добрососедство, она што беше искористено како претекст за наметнување на опструкции, но каква и да биде таа мерка Македонија е шампион во таа дисциплина, рече Попоски.

Одговарајќи дали бил изненаден од ставот на Бугарија, шефот на дипломатијата рече дека дека тоа што е реалност е дека имало комуникација и во неа Софија искажала исклучителен проактивен став од аспект на прифаќање на сите оние иницијативи што беа искажани од македонска страна.

– Презедоа обврска дека во најитно време ќе се состанат работните групи и ќе работат на тоа. Не би навлегувал во оценки кои се за домашна употреба во тој контекст. Сметам дека тоа што е најзначајно е дека не смееме да дозволиме во една Европа која сака да биде мирна, просперитетна и стабилна, блокирањето да стане атрактивна дисциплина, изјави Попоски.

Во петок се одржува самитот на ЕУ, а Македонија нема влијание во однос на процесот што се одива и на носењето на одлука во Европскиот совет.

– Советот на министри носи одлуки врз основа на консензус. Тоа значи пресликување на ставот на најрестриктивните во однос на носењето на одлуките. Ние мораме да ги видиме и оние аспекти кои се многу значајни за нас, а тоа е дека признанието за сите оние остварувања кои ги имаме постигнато во изминатиот период е недвосмислено и дека има многу сериозна група на лидери и земји во Европа кои тоа признание го искажуваат јасно и кои имаат предочено во дебатата која се одвива во европските институции. Сметам дека тоа ни дава определена одговорност уште посилно да се посветиме на остварување на сите оние цели кои се наша стратешка одредница и во кои во континуитет остваруваме резултати, изјави Попоски.

Попоски не ја коментираше временска рамка која и е дадена на Република Македонија посочувајќи дека не може да се зборува за никакви оценки од аспект на рамка. – Она што го гледам во тој контекст е најдоброто можно кои сите оние го поддржуваат проширувањето сакале да го стават во тој контекст, а тоа е фактот дека се дава песрпектива за подготовка на Комисијата за преговарачка рамка, она што го очекувавме, за подготовка на Комисијата за скртининг, на Комисијата за носење на одлука во рамките на ирското претседателство која има исклучително проактивна улога во овој конктекст, за отпочнува на процесот на преговорите, вели тој.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов