Попоски лобира за членство на Македонија во Советот за човекови права на ОН

Од:

Кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот за човекови права на ОН за следната година била една од темите на денешните разговори на министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на 22 сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, со високиот комесар за човекови права на Светската органзиација Нави Пинај.

На средбата, како што изјави за МИА, Попоски информирал главно за сите оние мерки што ги презема Владата на Република Македонија и сите нејзини институции во целина во доменот на применета и промоцијата на човековите права.

– Ја запознав и со нашата кандидатура за членство во Советот за човекови права на ОН за следната година. Воедно, разменивме мислења за можностите како да се подобри ваквата промоција на меѓународен план, а исто така разговаравме и за важноста на правните институции, вкучително на Меѓународниот суд на правдата во делот на почитување на меѓународно преземени обврски од страна на земјите членки на ОН, посочи Попоски.

На билатерален план тој се сретнал со неговиот швајцарски колега Дидие Бурхалтер, со кого разговарале за проектите кои ги поддржува швајцарската конфедерација во Република Македонија, активностите на Владата на Македонија за сузбивање на феноменот на лажни баратели на азил и за можноста за зголемување на економската соработка во претстојниот период.

Шефот на македонската дипломатија се сретнал и со бразилскиот и мексиканскиот министер за надворешни работи.

– На овие одвоени средби бевме фокусирани на соработката во рамки на меѓународните организации и, пред се, економските можности за соработка. Во следниот период имаме промотивни активности и во Мексико и во Бразил и во тој дел сметам дека ќе успееме да мотивираме уште поголем број бизнисмени за воспоставување бизнис врски помеѓу Мексико, односно Бразил и Република Македонија, рече Попоски.

Седницата на Генералното собрание на ОН, на која ќе се гласа за кандидатурата за членство на Македонија во Советот за човекови права на Светската органзиација, треба да се одржи во ноември оваа година во Њујорк.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов