Попоски: Има основа за одлични односи со Бугарија

Од:

Македонија и Бугарија имаат основа за одлични и идеални билатерални односи, оцени денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешната средба во Охрид со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин, шефот на македонската дипломатија го поздрави гестот што 24 часа по стапувањето на функција, тој одлучи да дојде во Македонија и да биде дел од формалниот министерски состанок на ПСЈИЕ.

– Мојата оценка е дека имаме одлична основа да имаме навистина одлични и идеални билатерални односи со Република Бугарија како актуелен член на ЕУ и НАТО, и ние како земја кандидат за двете семејства. Се надеваме дека час покоро ќе бидеме дел од тоа, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија