Попоски, Димовски и Ѓорчев носители во втора, трета и шеста изборна единица

Од:

Никола Попоски ќе ја предводи пратенчката листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Илија Димовски во третата, а Влатко Ѓорчев во шеската.

Се уште не е познато кои се главните адути за скопска единица, за четвртата изборна единица и за за петтата.

Како што дознава а1он, дел од членството бара, лицата кои беа вмешани и се слушнаа во „бомбите“ на Заев, да не бидат на листите. Сакаат лица чисти и неизвалкани.

Долколку на 6-ти јуни се одржеа избори, ова беше понудата на ВМРО-ДПМНЕ:

Никола Груевски требаше да ја предводи кандидатската листа на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица на изборите закажани на 5 јуни.

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводеше листата во втората изборна единица.

Во третата изборна единица, кандидатите за пратеници ќе ги предводеше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, прв фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше актуелниот министер за здравство Никола Тодоров, а во петтата изборна единица пратеникот Антонио Милошоски.

Во шестата изборна единица, пратеничката листа ќе ја предводеше пратеникот Влатко Ѓорчев.

Според ова, нема, барем во трите единици промени од јуни.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ