Попоска Треневска на комеморацијата во Матхаузен

Од:

Во концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линз, горна Австрија, денеска се одржа комеморација за над 130.000 жртви на нацизмот кои ги загубија животите во перидот 1938 – 1945 година.

Присуствуваа австрискиот претседател Фишер, министри на австриската влада, претставници на боречки организации од повеќе земји и преживеани логораши, додека од името на Македонија, почит на жртвите со полагање венец им оддаде вонредниот и ополномоштен амбасадор во Австрија Васика Попоска Треневска.

На комеморацијата имаше и претставници на триесетина европски земји, како и претставници од Кина, Индија, Куба и Австралија.

Беше изведена пригодна програма во рамки на која беа упатени пораки на повеќе европски јазици. Пораката на македонски јазик ја прочита Галена Попоска Треневска.

Матхаузен на 15 мај 1945 година го ослободија американските војници.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза