Поплави и во Охрид, се обезбедуваат дополнителни пумпи за отстранување на водата

Од:

Како во многу делови на Република Македонија, и во Охрид денеска делови од градот беа поплавени. Најзагрозени беа жителите на населбите Воска и Даљан, посебно оние околу реката Сатеска.

На улиците „Сатеска“, „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ во населбата Даљан, како и на улицата „Аџи Мустфа“ во населбата Воска домовите на повеќе жители беа поплавени, а Кризниот штаб заедно со градоначалникот Бакрачески правеа увид во штетите нанесени од невремето.

DSCN1836[1]

Стручни екипи на Општина Охрид деновиве будно ќе ја следат состојбата со поплавите, а ќе бидат обезбедени дополнителни пумпи со цел почесто да се излева навлезената вода во домовите на граѓаните.

DSCN1839[1]

Инаку, вчера во вечерните часови, неколку охридски села повторно останаа без напојување со електрична енергија откако имаше обилни врнежи на снег во овој регион.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките