Поплавени населени места во Кочанско и Пробиштипско

Од:

Надојдените води на Злетовска река од ноќеска ги поплавија населените места Пишица и Трипатанци, Пробиштипско, при што водата навлезе и во домовите и помошните простории.

Утрово децата и вработените од овие населени места не заминаа на училиште и на работа бидејки локалниот пат кој води до населбите е поплавен од вода.

Надојдените води на Злетовска река се излеаја во атарот на кочанското село Уларци каде што се поплавени голем број куќи, штали и магацини. Од изутринава жителите на ова село се борат со водената стихија, копајќи канали за одводнување на надојдената вода.

Од поројните дождови зголемен е водостојот на Кочанска река, а Акумулацијата Градче крај Кочани е на прелив. Благодарение на исчистените канали и речни корита во атарот на полските села Горни и Долни Подлог и Мојанци, Кочанска река и реката Брегалница истекуваат во своите речни корита.

Од Македонија пат секција Кочани изутринава и во текот на денот механизација работи на расчистување на одроните од камења и земја на магистралчниот пат кон Делчево над селото Истибање, како и на регионалниот пат Виница-Берово над селото Лаки, каде што има големи одрони од камења и земја. Сообраќајот на овие патни правци се одвива под отежнати услови.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ