Поплавени главните градски улици во Велес

Од:

Поради обините дождови целосно се поплавени главните градски улици во Велес и отежнато се одвива сообраќајот. Според експертите, причина за поплавувањето е нерешената атмосферска канализација којашто придонесува дождовницата од улиците во високиот дел од градот да се слева на пониските улици.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, моментално состојбата во Велес и Велешко е под контрола и засега нема излевање на реките и поплавување.

– Кризниот штаб и општина Велес се на терен и ја следат состојбата. Во координација со нас се и од Регионалниот центар за справување со кризи со цел навреме да се реагира ако има потреба,  информира Златко Костов.

Тој нагласи дека посебно се следи состојбата на критичните места на мостовите на Вардар во Велес, кај Башино Село, како и кај Автобуската станица и Градскиот пазар и населбата Речани. На овие места се поставени и вреќи со песок како заштита од излевање на Вардар.

 

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите