Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Од:

Времето попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени, а во Скопје до 31 степен. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со пораст на температурите.

Во вторник температурите насекаде ќе биде над 30 степени, во следните денови во повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Би можело да ве интересира

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег