Попишани над 400 000 граѓани, само вчера 111 186

Од:

Над 400 000 граѓани се попишани досега, а само во текот на вчерашниот ден 111 186 лица, соопшти Државниот завод за статистика.

ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

– Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, порачуваат од ДЗС.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот

Нема резидентно и нерезидентно население на попис, пресече Уставен суд

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он