Пониски сметки за граѓаните кои имале послабо греење или студени радијатори порачуваат од Регулаторна

Од:

Регулаторната комисија бара да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе мерат дали температурата отстапува од пропишаната Согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, ако Комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија со решение констатирала дека потрошувачите имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија, тогаш тие треба да добијат пониски сметки, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој посочува дека ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што со решение е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка.

„Регулаторната комисија за енергетика побара од ’Скопје Север‘ при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловатчас што не го испорачал“, потенцира Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Поевтинува дизелот

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи