Поништена одлуката за отпуштање на професорите од Штип

Од:

По пет дена штрајк со глад добра вест за тројцата професори од Економскиот факултет во Штип. Државниот просветен инспекторат ја поништил одлуката за нивно отпуштање. Инспекцијата утврдила неправилности во критериумите за избор во повисоко звање, а и донела одлука постапката да се повтори одново.

Професорите Крсте Шајновски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиеска одлучија да штрајкуваат со глад. Причина за ваквиот потег според нив е самоволието на деканот на Еконмскиот факултет во Штип. Иако имале позитивни рецензентски извештаи не биле избрани за доценти, туку биле отпуштени и затоа одлучија да штрајкуваат со глад.

Поддршка за професорите пристигна од СОНК, од каде оценија дека одлуката за отпуштање е преседан и ги повикаа надлежните инспекции што е можно побрзо да ја испитаат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски