Поништена одлуката за лустрација на академик Божин Павловски

Од:

Вишиот управен суд на Република Македонија ја поништи одлуката за лустрација на академик Божин Павловски на Комисијата за верификација на фактите.

Во образложението на одлуката на судот, донесена на 12 декември минатата година, се наведува дека „одлуката на Комисијата за лустрација на Божин Павловски се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба“.

Божин Павловски беше лустриран по неговата жестока реакција во медиумите по повод лустрацијата на починатиот академик Славко Јаневски.

Академик Божин Павловски е автор на деветнаесет романи, високо вреднувани од страна на домашната и странската литературна критика. За своето богато творештво добитник е на национални и меѓународни награди и признанија,меѓу кои на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата во Република Македонија и на Интербалканската награда во Солун, Грција. Негови дела се преведени на: англиски, албански, грчки, турски, романски, полски, чешки, италијански, бугарски, руски, српски, словенечки, украински и француски јазик.

Божин Павловски е основач и долгогодишен главен уредник и директор на познатата издавачка куќа „Мисла“ од Скопје, со која во период од три децении постигна извонредни резултати во афирмацијата и во третманот на македонската книга. Во 1991 година во Мелбурн, Австралија ја формира издавачката компанија АЕА, која со голем успех дваесет и шест години ги печати весниците „Денес“ и „Македонија денес“.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска