Помошта од Македонија на пат кон Турција

Од:

Македонски спасувачи тимови од Армијата и Дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари и рудари веќе се на пат кон Турција и ќе помогнат во потрагата под урнатините од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди регионот на Турција и Сирија.

Хуманитарна помош веќе најавија Владата, повеќе општини и институциите, а граѓаните собираат донации на пункт на плоштадот во Скопје.

Армијата на Република Северна Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Екипи за помош во Газиантеп, Турција веќе се испратени и од Град Скопје, како и од повеќе локалните самоуправи, меѓу кои пожарникари од Битола, Тетово, Гостивар и Штип и рудари од Пробиштип.

Од Град Скопје информираат дека е испратена екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во Газиантеп, Турција, а денеска на вонредна седница на градскиот Совет е предложено да се одобрат шест милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и за Сирија кои беа погодени од разорен земјотрес.

Општина Битола, исто така, денеска на седница ќе одлучуваат за помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија, а вакви седници најавија и други општини, меѓу кои и Центар и Ѓорче Петров.

Одлуки за финансиска помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија, веќе донесоа општините Тетово, Куманово, Кавадарци и Гази Баба.

Министерството за финансии, пак, е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови.

Од Владата најавија дека земјава ќе испрати помош и за Сирија.

Би можело да ве интересира

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек на Армијата која учествуваше во спасувачката мисија во Турција

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција

Ана Ололовска

Црвениот крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

Ана Ололовска