Помош од Општина Кочани за ромски семејства по повод 8 Април

Од:

Општина Кочани ги пренамени средствата за одбележување на 8 Април – Светскиот ден на Ромите за да им обезбеди поддршка на социјално ранливите групи и семејствата во социјален ризик од ромската етничка заедница.

Според градоначалникот Николчо Илијев целта е да да се намалат последиците од актуелната кризна состојба предизвикана од пандемијата, која има силен одраз врз целокупното општество и економијата, а нејзиното влијание е особено изразено врз најранливите и исклучените групи.

– Планираните средства за одбележување на Светскиот ден на Ромите ги отстапивме на ромските здруженија, кои заедно со општинските служби за социјална заштита подготвија пакети со храна и хигиенски производи и ги поделија на семејства во социјален ризик од ромската заедница во Кочани. Со граѓанскиот сектор внимателно ја следиме состојбата кај ранливите групи и во наредниот период ќе продолжиме да реагираме секаде каде што има потреба, истакна градоначалникот Илијев.

Честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите, Илијев им посака добро здравје, висока свест во деновите на борба против пандемијата и максимално почитување на мерките и препораките за заштита од ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат