Помор на пет тони пастрмка во реката Треска

Од:

Помор на автофтона македонска пастрмка „Salmo Macedonicus“ се случил во реките Зајашка и Треска во должина од околу осум километри како последица на обилните дождови на 5 и 6 август.

Како што информираат од Здружението на спортските риболовци „Треска“ од Кичево според нивна проценка угинати се околу пет тони риба.

– Утврдено е дека рибата е задушена од недостаток на кислород поради присуство на суспендирани материи и амониеви раствори, што е и утврдено и во анализите на поморите во предходните години кои се случуваат секоја година во текот на летниот период, се наведува во соопштението на Здружението.

Земените примероци биле дадени на анализа во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за утврдување на причинителот на поморот.

Најмногу бил настрадан подмладокот од мрестот од изминатите неколку години, но имало пастрамки со големина од 200 до 400 грама како и примероци од два до три килограми.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза