„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

Од:

Влага, изронет бетон и метални жици кои штрчат од столбовите може да се видат на мостот „Пресека“, на патот Кичево – Охрид.

„Зошто никој ништо нема преземено“, „Чекаат да падне“, „Помолете се пред да го врвите“, се дел од коментарите откако на Твитер беа објавени фотографии од мостот.

Патниот правец Скопје – Кичево – Охрид е еден од најфреквентните во Македонија.

Последната информација од Владата, е дека автопатот Кичево – Охрид треба да биде завршен до 2023 година.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тогаш изјави дека сумата останува иста, и нема да има дополнителни трошоци за автопатот, туку само се продолжува рокот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска