Полскиот шеф на дипломатијата задутре во посета на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, задутре ќе престојува во работна посета на Македонија, во тек на која ќе има средба со македонскиот колега Никола Димитров.

– На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон целосно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Се очекува на средбата двајцата министри да разменат мислења и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, сооопшти денеска македонското МНР.

Според највата, министрите Димитров и Чапутович ќе ја отворат седмата средба на полско–македонската соработка во евроинтеграцискиот процес, т.н. „Скопска конференција“ на државни службеници од Македонија и Полска. Предвидено е и да ги поздрават учесниците на тркалезната маса посветена на „Улогата на истражувачките организации (Think-Tank) во дебатата за европска интеграција на која ќе учествуваат think-tank-ови од двете земји.

Воедно министрите ќе положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи од Македонија во рамки на комеморативниот настан што се организира по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот