Полска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Од:

Полскиот парламент денеска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Во образложението на Законот за ратификација на Протоколот, се вели дека приемот на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилизирање на Балканот и ќе помогне за продолжување на реформите во тој дел на Европа. Влезот на Северна Македонија во НАТО, се нацедува во законот, е и потврда дека вратата на Алијансата останува отворена, за што Полска силно се залага.

Полска е десетата земја што го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Би можело да ве интересира

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Лукашенко: Полска и балтичките земји шират гласини за наводен напад од страна на Белорусија