Положани потврди дека влегува во трката за Струга

Од:

Еден од основоположниците и истакнат член на ДУИ, Азис Положани за А1 откри дека сака да биде кандидат на неговата партија за градоначалник на Струга.Како што неодамна А1 објави,Положани заедно со актуелниот градоначалник Рамиз Мерко влегуваат во внатрепартиската битка за Струга, но оти поголеми шанси му се даваат токму на Положани.

„Јас немам потреба да кријам нешто што може да се претпостави, но не инсистирам дека тоа е единствено решение. Мислам дека за Струга мора да има повеќе луѓе со повеќе идеи и најдобрата идеја врзана со некој човек нека биде таа која ќе ја води Струга во наредните години. Струга е многу важен град,со доста ресурси и можности и секој би се чуствувал почестен да води една таква општина. Но се уште ништо не се знае. Ќе има процес на официјални анализи во тој контекст, и дури тогаш ќе се знае што и како. ДУИ е во таква состојба, во која за да се осети некој прогрес во однос на сегашните состојби и требат нови кадри,нови идеи,нови пристапи за да се отвори процес на развој“, вели за А1, Положани.

Положани вели дека на Струга и се потребни нови идеи, и оти тоа го сакаат и граѓаните.

„Мислам дека граѓаните,поголемиот дел од нив според сите анализи чуствуваат дека имаат потреба од нови идеи,дека има повеќе можности отколку што досега се понудени и затоа мислам дека тоа ќе се докаже дали е тоа така во периодот кој следи. Не е проблем дали Азис Положани ќе биде кандидаран,туку дали Азис Полжани има идеја што да спроведе ако некаде се насочи. Се надевам дека откако ќе се спротистават идеите на маса, визиите на кој бил кандидат,тогаш ќе се види дали има простор за некаков ангажман“, додава Положани.

Во главата на претседателот на партијата тоа се секојдневни работи, но во структурите на партијата после одморите што се повеќе се приближуваме до изборите ќе се интензивира и дебатата за тоа прашање вели Положани.

 

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он