Половина советнички паушали за настраданите во поплавите

Од:

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците едногласно го прифатија предлогот на советникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Стојановски, со кој тие ќе донираат половина од својот месечен надоместок (паушал), кој ќе се насочи во хумани цели за настраданите лица од Србија и Босна и Херцеговина, чии живеалишта беа зафатени од катастрофалните поплави.

Исто така, советниците едногласно го прифатија предлогот на првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со кој се предвидува покривање на сите трошоци кои ќе произлезат од ангажманот на Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош, која од неодамна ја спроведува својата мисија во поплавените подрачја од Република Србија. Во таа насока, советникот од Општина Карпош, Давор Грче, по непосредниот контакт со своите српски колеги, му ја пренесе срдечната благодарност на градоначалникот Јакимовски, за навремениот гест на солидарност и хуманост, кој го спроведе локалната самоуправа од Карпош. Имено, Општина Карпош е единствената општина во Македонија, во чии рамки функционира Просторна единица за заштита и спасување.

По усвојување на записниците од дванаесеттата, тринаесеттата и четиринаесеттата седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја усвоија и предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2014 година. Во иста динамика, тие усвоија пет Одлуки, со кои се утврдува вклопување на бесправни објекти, на неколку катастерски парцели во Општина Карпош, според урбанистичко-планската документација, со која се врши усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето.

 

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски