ВИДЕО: Половина метар снег во Тетово

Од:

Снегот кој интензивно започна да паѓа ноќеска, им предизвика проблеми на тетовци. До попладнево наврна повеќе од половина метар.

Секторот за јавни дејности од Тетово за утре најави прекин на наставата во сите основни и средни училишта во градот. Граѓаните реагираат на блокарини улици и затрупаните тротоари.

Локалните власти информираат дека се преземаат потребните мерки за градските улици бидат полесно проодни. За таа цел ангажирани се 4 камиони и 2 багери.

Со дополнителна механизација за расчистување на снегот се поминува и во планинските села.

За поефикасно справување со проблемите кои ги создава снегот формиран е кризен штаб, кој со ангажирање дополнителна механизација ги презема потребните мерки за полесно движење.

Од општина Тетово велат дека постојат можности за прогласување вонредна состојба, доколку снежните врнежи во наредните денови продолжат со истиот интензитет.

Од управата за хидрометереолошки работи, пак, најавуваат дека во полошко ќе продолжи да врне во текот на денот, а за време на ноќта интензитетот ќе почне да се намалува.

Возачите бараат надлежните почесто да поминуваат со механизацијата. Од тетовската секција на Македонија пат велат дека работат со сите расположливи средства, но неможеле да постигнат поради интензивните врнежи.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка