Половина година од работата на Советот на Општина Штип

Од:

Новите штипски советници добиле нови таблети, кои им се потребни за разгледување на материјалите, кои ги добиваат за донесување на важни одлуки за општината.

Набавката на новите таблети чинела околу 5.000 евра. Претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов вели дека се уште останува отворено барањето за добивање на советничка канцеларија во зградата на Општина Штип, каде што 23 советници ќе можат слободно да работат и имаат средби со граѓаните. Тој истакна дека засега советниците ја користат канцеларијата на претседателот на Советот на Општина Штип.

Миланов смета дека по половина година од работењето на Советот на Општина Штип донесени се важни одлуки за општината, но како што вели со тенко мнозинство.

– Работата на овој совет ја оценувам како добра, но како што се вели секогаш може и подобро, вели Миланов.

Наспроти него, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов смета дека како Совет не донеле одлуки, со кои ќе успеат да креираат подобар живот за сите граѓани, туку се донесуваат одлуки со кои, како што вели се задоволуваат интереси на одредени членови на позицијата.

Остануваат на одлуката да не учествуваат во работата на комисиите на Советот се додека не завршат преговорите за рамномерено распределба на функциите во комисиите.

На денешнта седница на Советот на Општина Штип беа донесени одлуки за легализација на бесправно изградени објекти, а се донесе и одлука за новата Стратегија за енергетска ефикасност ан Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски