Полов напад врз две малолетнчки во Битола и Куманово

Од:

Полови напади врз две малолетни лица се извршени вчера во Битола и Куманово. Во едниот случај сторителот е непознат, а во вториот половиот напад го извршил таткото.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13.20 часот во Секторот за внатрешни работи – Битола, 37-годишната Л.А. од  Република Албанија, со живеалиште во Битола, пријавила дека на 14 ноември 2016 година  во периодот од 13:00 до 14:00 часот непознато лице ја пресретнало нејзината 10-годишна ќерка и ѝ рекол дека ќе ја однесе кај мајка и. Но, наместо кај мајка ѝ, сторителот ја однел во соседната улица и извршил друго полово дејствие.

Разговор со детето е извршен во присуство на претставник од Центар за социјални работи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Во вториот случај, синоќа околу 23 часот во Секторот за внатрешни работи – Куманово 24-годишната Ф.Д.  од Куманово пријавила дека нејзината 12-годишна внука и кажала дека нејзиниот татко М.Д. во нивната семејна куќа, пред околу 10 дена со сила имал сексуални односи со неа.

Девојчето, како што наведуваат од МВР,  од страв не смеела на никого да кажува ниту случајот да го пријави во полиција. Кога отишла Ф.Д. на гости детето и се доверило и кажала што се случило и настанот го пријавила во полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа