Политичките партии потпишаа Меморандум за членство во ЕУ

Од:

Парламентарните политички партии, освен Либералната партија и ДПА, денеска во Собранието потпишаа Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија.

Меморандумот, според информации од претставниците потписници на документот, бил усогласен меѓу поднесувачот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и НСДП кои имаа свои забелешки, како и со ДУИ.

Партиите се обврзуваат дека континуирано и без одлагање ќе ги спроведуваат во рамки на институциите, сите активности и одлуки за реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, а особено оние кои се однесуваат на слободата на медиумите и изразувањето, слободни и фер избори, владеењето на правото и независноста на судството, како и борба против корупцијата и криминалот.

Ќе се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, притоа, несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамки на институциите, водејќи сметка пред се за интересот на државата и нејзините граѓани. Ќе вложат напор за постигнување на усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во пристапниот процес преку отворен и конструктивен политички дијалог. Ќе обезбедат целосно и континуирано информирање на политичките субјекти и граѓаните за процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската унија.

Се наведува дека овој Меморандум е отворен за потпишување за сите политички партии регистрирани во Република Македонија.

Меморандумот не го потпиша ЛП и ДПА. Според ЛП, потребни се конкретни чекори, а не само манифестирање. Еден од нив, стои во соопштението од ЛП, е Платформата за интеграциите и решавање на спорот за името, предложена од оваа партија до Собранието, но, се подвлекува, еден месец од поднесувањето, не е ставена на дневен ред. Потпишувањето на Меморандумот за Либералната партија има смисла само ако Платформата се најде на дневен ред на собраниска седница.

Од ДПА засега нема образложение зошто не го потпишаа Меморандум за членство на Република Македонија во Европската унија.

Би можело да ве интересира

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски