Политичките партии ќе потпишат Меморандум за членство во ЕУ

Од:

Во Собранието денеска ќе биде потпишан Меморандум меѓу политичките партии во Република Македонија за исполнување на стратешката цел за членство на земјата во Европската унија.
Меморандумот неодамна го иницира ВМРО-ДПМНЕ, а беше доставен до сите парламентарни политички партии на разгледување.

Партиите потписнички на документот ќе се обврзат континуирано и без одлагање, во рамките на институциите, да ги спроведуваат сите активности и реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во Европската унија, односно, ќе обезбедат конструктивна поддршка.

Ќе се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, притоа, несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамките на институциите, пред се во Собранието на Република Македонија, водејќи сметка пред се за интересот на државата и нејзините граѓани. Ќе вложат напор за постигнување на усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во пристапниот процес.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски