Политичката директорка на МНР на Обединетото Кралство Пирс ја посети Македонија

Од:

Не е на Велика Британија да кажува кој треба да ја составува Владата во Република Македонија, но ние сме тука поради тоа што даваме поддршка за развојот на демократијата и интеграцијата на државата во ЕУ и НАТО и поддршка за нејзиниот народ.

Ова го истакна политичката директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Карен Пирс, која денеска е во посета на Република Македонија.

– Денес се сретнав со претседателот на Парламентот, Џафери, кој само што имаше средба со Могерини во Брисел и би сакала да ги повторам нејзините зборови дека владејачките структури треба да управуваат во име на сите граѓани, истакна Пирс.

Кабинетот на претседателот на македонскиот Парламент соопшти дека „Пирс му го честиташе изборот за претседател на Собранието на Република Македонија и му посака успех во извршувањето на функцијата“.

Во соопштението се наведува дека таа ја повторила заложбата на Обединетото Кралство дека досегашната меѓуинституционална билатерална соработка со Република Македонија ќе продолжи и во иднина. Обединетото Кралство, се посочува, останува на поддршката за побрзо остварување на темелните определби на Република Македонија за членство во НАТО и Европската Унија.

Џафери се заблагодарил на честитката, но и на поддршката што Обединетото Кралство и ја дава на Република Македонија. Притоа, тој истакнал дека функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ќе ја извршува во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или друга припадност. Џафери го изразил своето уверување дека процесот на мирно предавање на власта ќе продолжи, и во таа насока очекува брзо формирање на новата влада, преку нејзин избор во Собранието на Република Македонија.

Пирс и Џафери размениле и мислења за состојбите во регионот. Во оваа насока, Џафери уште еднаш ја истакнал позитивната улога која Република Македонија и досега ја покажала во одржувањето на стабилноста на регионот и неговата евроатланска перспектива. Тој уште еднаш потсетил дека проблемот со името наметнато од нашиот јужен сосед е голема препрека во интегративните процеси на Република Македонија. Но, исто така тој изразил подготвеност за конструктивен пристап во решавањето на ова прашање, кој ќе биде потврден од сите граѓани на оваа држава.

Пирс се сретнала и со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и секретарот на Алијанса на Албанците Весел Мемеди.

– Заедно, сите лидери на политичките партии, во отсуство на Села, а во присуство на пратеникот Весел Мемеди, разговаравме за идните перспективи на Македонија како параламентарно мнозинство, односно лидери кои стојат зад 67-те потписи кои се доставени до Иванов и кои се во исчекување на добивање мандат, изјави Заев.

Пирс во Македонија дојде од Косово по средбите што ги имаше со претставници на приштинските власти, а претходно го посети и Белград. За време на оваа регионална посета таа се информирала за случувањата во земјите, како и за спроведувањето на реформите.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов