Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

Од:

Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче? А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер додека се забавува, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата веројатно ќе се прославува и нивната инвестиција 42- катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДС, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски. Воедно остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, бидејќи досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако викаше дека ќе покаже. Македонската јавност чека одговори, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?