Политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност

Од:

Политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност и треба да покажат дека се за иднина на оваа држава и на наредните генерации, сметаат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тие го повикуваат претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор со Грција и да не го блокира процесот, бидејќи единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО.

– Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври, изјави Заев одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС на маргините на Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа што вчера се одржа во Софија.

Заев вели дека политичарите ќе треба да го испочитуваат гласот на народот и се надева оти претседателот Иванов ќе го потпише договорот.

– Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише ќе потпише, затоа им служиме на граѓаните, потенцира македонскиот премиер.

Иванов, според Заев, не може да го блокира процесот.

– Ако не го потпише сега ќе треба да го направи тоа по референдумот, додаде тој.

На прашање дали ќе има импичмент на претседателот, ако тој не го потпише Договор, Заев одговори дека сите опции се можни и повторно нагласи дека единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО, а истото го мислат и мнозинството Македонци.

Според министерот Спасовски овој период е многу важен за Република Македонија да исчекори напред за стане дел од НАТО и ЕУ како партнер и сојузник.

– По многу години тапкање во место, граѓаните ја имаат историската шанса да ѝ помогнат на Македонија, себе си и на своите деца. Со тоа Република Македонија ќе има економски просперитет, ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе споделува исти вредности со граѓаните на ЕУ. Овие процеси никој не треба да ги попречува за да се остварат националите интереси-членството во НАТО и ЕУ, изјави Спасовски при посетата на Гостивар.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари