Поликлиниката Драчево со нов психијатриски кабинет

Од:

Во поликлиниката Драчево првпат е отворен специјалистички кабинет по психијатрија со доктор-специјалист, преземен од приватна во јавна здравствена установа во рамки на третиот оглас на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти во јавното здравство. Со третиот оглас на Министерството, објавен во јуни во рамки на Здравствен дом Скопје се преземаат вкупно 10 доктори-специјалисти.

Кабинетот по психијатрија, соопшти Министерството за здравство, почна со работа од 27 октомври и веднаш се закажани термини за преглед на пациенти во системот МојТермин. Кабинетот работи секој ден од 07:30 до 14:30 часот.

Отворањето на специјалистичкиот кабинет по психијатрија овозможува кадровско зајакнување на оваа здравствена установа, како и проширување на здравствената дејност на установата. Воедно, на овој начин се овозможува поголема достапност на оваа специјалистичка услуга до граѓаните од овој регион, имајќи предвид дека кон поликлиниката Драчево гравитираат околу 80 илјади граѓани.

Специјалистичкиот кабинет по психијатрија, како што се наведува, е еден во низата кабинети кои беа формирани во рамки на оваа поликлиника во изминатиот период. Почнувајќи од средината на 2012 година, досега во поликлиниката се отворени интернистички кабинет; биохемиска лабораторија; кабинет за уво, нос и грло; рендген-кабинет, како и пункт за Итна медицинска помош.

Инаку, со претходните два огласи на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство, во Здравствен дом Скопје се преземени 19 доктори-специјалисти, што заедно со новите 10 доктори од последниот оглас, значи сериозно кадровско зајакнување од вкупно 29 специјалисти, како и можност за отворање нови кабинети, а со тоа и поголема достапност на специјалистичките услуги до граѓаните, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски