Поликлиника Сарај четири месеци не се пушта во употреба, се чека кадар да се јави на конкурс

Од:

Четири месеци по завршувањето на изградбата, помпезно најавуваната поликлиника Сарај уште не почнува со работа. Бидејќи се чека на кадар, ниту една од ветените амбуланти: педијатрија, стоматологија, дневна амбуланта, лабораторија и сала за рентген, ниту пак аптеката не се во функција, иако во внатрешниот дел, сите се веќе означени во посебни простории и целосно опремени.

Објектот на поликлиниката беше предаден за користење на Министерството за здравство уште во мај годинава, а тие веднаш ја дадоа на Здравствениот дом Скопје, под чија капа треба да функционира поликлиниката, која според проценките, ја чекаат речиси 45 илјади жители на кои сега најблиската амбуланта им останува онаа во Ѓорче Петров.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски за А1он вели дека се чека на процедурите кои може да траат и во на редните два месеца, па потоа поликлиниката да се стави во функција.

„Поликлиниката веќе е опремена. Треба да добиеме согласност од Финансии и штом заврши конкурсот, за месец-два треба да почне со работа. Таму има околу 25 лица од сите профили кои треба да бидат вработени“, велат за А1он директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Изградбата на поликлиниката почна во 2020 година, а крајниот рок за пуштање во употреба беше крајот на 2023 година. Но и покрај тоа што на 20 мај, беше објавено дека објектот од 1.600 метри квадратни е предаден во рацете на Министерството, поликлиниката уште стои под клуч.

Во завршената клиника, посебно отидоа да се сликаат вицепремиерот Артан Груби и градоначалникот на Сарај, „огнениот“ Блерим Беџети, како тогаш раскарани поради расколот во ДУИ, иако по некое време, Беџети се врати во матичната партија. И едниот и другиот се фалеа чија заслуга бил објектот кој жителите од тој дел со години го чекаа, поради фактот што во овој дел на Скопје живеат голем број на граѓани и немаат поликлиника во својата општина.

Би можело да ве интересира

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот