Уставен суд: Пензионерите и малолетните од утре ќе можат да излегуваат до 19 часот

Од:

Запрено е извршувањето на уредбата со која за малолетните и за пензионерите имаше посебен полициски час, за разлика од останатите граѓани.

Уставниот суд на денешната седница повел постапка за Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно делот во кој беше ограничено движењето на лицата помлади од 18 и на лицата постари од 67 години.

Ова практично значи дека полицискиот час ќе важи исто како и за останатите граѓани во земјава, односно од 19 часот до 5 часот наутро, бидејќи, според судот, неуставно е да се прави дистинкција и категоризација на лицата во однос на правото на движење.

„Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита