Седумдесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во изминатиото деноноќие на ниво на цела држава. Приведени се 42 лица,а за другите ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според статистичките податоци на МВР, на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.