Полициски радар фати возач со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

Од:

Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.

-Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското подрачје. Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле четири возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во текот на акциската контрола констатирани се и 32 други видови прекршоци од кои најмногу за управување без возачка дозвола, возачи-почетници.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози