Полициски автомобил учествувал во сообраќајка во Чаир

Од:

Автомобил со велешки регистерски ознаки се судрила со полициски автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 18.01.2022 во 22.20 часот било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(23) од Скопје, вработен во МВР и патничко возило „тојота јарис“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „тојота јарис“, Н.Р.(31) од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он