Полицијата затвори скопско стрелиште на кое неовластено се продавале куршуми

Од:

Денеска (22.07.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ЕНТ ОНТЕМ и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје сопреле две патнички моторни возила и при извршениот преглед кај Н.М. (40) пронајдени се 200 куршуми калибар 7,62, а во другото возило кај лицето Е.Х. (48) пронајдени се 100 куршуми калибар 9мм, соопшти полицијата.

Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од КЗ на РСМ.

Во координација со Секторот за оружје при Одделот за граѓански работи извршена е контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција. Приведено е одговорното лице И.Р. (41) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од КЗ на РСМ, а стрелиштето ќе биде запечатено.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол