Полицијата со засилени контроли против присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ

Од:

Секторот за внатрешни работи-Струмица преку засилени контроли ќе проверува присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика, соопштија од струмичката полиција.

– Ваквите интензивни мерки и активности се преземаат поради зголемената раздвиженост во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, по започнување на училишниот распуст, уште позабележително ќе биде присуството на младите, посебно во вечерните часови, информираат од полицијата.

Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови и други, да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали. Во спротивно се соочуваат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на компанијата. Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата изнесува од 500 до 800 евра, доколку не преземе конкретни мерки да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект.

– Апелираме до угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по полноќ, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети, се додава во соопштението на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он