Полицијата запре комбе полно со расипана храна, возачот е уапсен

Од:

Граничната полиција на патот кон скопското село Танушевци запрела комбе натоварено со прехранбени производи, за кои подоцна било утврдено дека се небезбедни. Возачот е приведен, соопшти МВР.

„На 14.07.2021 околу 15.00 часот од полициски службеници од РЦ ГР Север на место викано „Две чешми“, на регионалниот пат Скопје-с.Танушевци, бил приведен Б.Ш.(35) од Скопје. При преглед на товарно возило „мерцедес спринтер“, кое го управувал, биле пронајдени околу 170 пакети со прехранбена стока, без декларација. Известен бил Јавен обвинител и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои по преземени мерки и активности констатирале дека станува збор за небезбедна храна, која ќе биде уништена, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ