Полицијата во Тетово растури свадба со 110 гости

Од:

35-годишен соспственик на угостителски објект во Тетово е приведен откако полицијата и Државниот пазарен инспекторат растуриле свадба со 110 гости во неговиот објект – информира МВР.

„На 04.03.2021 во 16.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости“ – се вели во објавата од Министерството за внатрешни работи.

Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена