Полицијата вчера во Скопје издала 151 сообраќајна казна

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на преземени мерки и активности во текот на изминатиот ден има издадено 151 мандатен платен налог.

Констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од СВР Скопје информираат дека исклучени од сообраќај биле 11 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР