Во Радовиш полициски службеници ги уапсиле В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24) поради сомнение дека извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти.
Како што денеска соопштија од МВР, три од кражбите биле на подрачјето на Радовиш и една на подрачјето на Струмица. Лицата биле задржани во полициските станици во Радовиш и Струмица, а врз основа на судски наредби биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.
Во понеделникот во полициската станица Радовиш бил повикан и И.М.(27) од Радовиш. Тој и Т.М. во службен разговор ги признале делата. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.