(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Од:

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, се откриени 10 килограми кокаин со висока чистота, скриени во автомобил „БМВ X5“.

– Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот кој го управувал автомобилот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.

Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица, извести ОЈО

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Во Милано е уапсен Албанец со 70 килограми кокаин