А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Полицијата со ротационо светло патролира низ Скопје

by Кристијан Ландов18/03/2020 - 23:401798
Share0

Засилена полициска контрола се врши вечерва низ скопските улици, поради состојбата со коронавирусот. Полицaјци со ротациони светла патролираат со цел да спречат собирање и забави на отворено, како и да извршат проверка дали локалите се затворени.

Добивај вести на вибер

Контролата е зајакната особено во делот на Чаир, Водно, како и одредени места за кои МВР има сознанија и утврдила дека изминатите денови  имало непочитување на мерките кои ги донесе Владата.

Со ова, МВР покажува дека се зајакнува контролата за проверка дали се почитуваат мерките кои се донесени за да се спречи ширењето на коронавирусот преку локална трансимисија.

„А1он“ веќе објави дека по донесените мерки за затворање на кафичите и угостителските објекти за посетители, млади лица се журкаат на Водно.

По ова, заменик техничката министерка Славјанка Петровска посочи дека полицијата нема да предупредува туку ќе приведува бидејќи станува збор за кривични дела, а на тој начин ќе се спречи ширењето на заразни болести.

koronavirs mkd

Би можело да ве интересира

141 позитивен од 866 тестирани за Ковид-19, еден починат

Катерина Ѓуровски14/09/2022 - 14:16

60 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Катерина Ѓуровски16/06/2022 - 13:26

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Катерина Ѓуровски01/10/2021 - 11:53

3611 активни заразени со Ковид – 19, најмногу во скопски Чаир

А1он05/07/2020 - 08:11

Полициски час ќе има, но колку е тоа ефикасно-Скопје уште утре се сели во Охрид, Дојран, Маврово

Предраг Петровиќ03/06/2020 - 18:2803/06/2020 - 19:13

Во Кичево стабилно, евидентирано едно ново лице во самоизолација

Ана Ололовска15/04/2020 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен