Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Од:

Пензионерот што загина одејќи на протест имал 77 години, СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката.

– Денеска околу 9.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино. Од здобиените повреди пешакот Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес.

Претходно, МИА информираше дека загинал пензионер од Неготино на автопатот кон Скопје, кога пензионери застанале на пауза одејќи на протест во главниот град. Оваа информација ја потврди за МИА, Ката Апостолова, од иницијативниот одбор на неготински пензионери.

– За жал, точно е, да. Одејќи кон Скопје, дел од нас побара пауза за тоалет. Застанавме на голем паркинг пред Катланово. Како беше, што беше, изгледа по грешка, мало невнимание, наместо како сите десно, тој тргнал лево и беше згазен од возило на автопатот. Дојдоа брза помош, полиција, обвинител, на лице место беше констатирана смрт. Беше однесен од погребална служба, а ние другите се враќаме назад, рече Апостолова, нагласувајќи дека сите пензионери се вознемирени по настанот.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски

ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на терен се сите спасувачки служби

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај