Полицијата санкционира 299 возачи во Скопје

Од:

Во акциска контрола во главниот град припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера казниле 299 возачи. Сообраќајната полиција констатирала дека 50 од нив не ја почитувале дозволената брзина за движење, а 43 возеле без возачка дозвола.

Полицијата открила и 12 нерегистрирани и технички неисправни возила, а биле изречени и 21 мерка за користење на мобилен телефон, 14 за некористење сигурносен појас и 69 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози