Полицијата растури собир во црква, свештеникот и 15 учесници спроведени во полициска станица

Од:

Полицијата растурила собир во црква кој се организирал во тетовска Брвеница. Од Министерството за внатрешни работи велат дека постапувале по пријава, а при увид биле затекнати повеќе од 15 лица кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот.

Учесниците, заедно со одговорното свештено лице на црквата, биле повикани во полициска станица, а за собирот ќе следуваат и казни.

„На посоченото место веднаш се испратени служби на СВР Тетово, кои ги презеле сите потребни мерки и веќе се идентификувани петнаесетина лица, кои присуствувале на собирот, а во Полициската станица Тетово повикано е и одговорното свештено лице на црквата. СВР Тетово продолжува со идентификување на сите инволвирани и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Полициска патрола и вчера растури собир покрај оган во скопското село Орман. Сите учесници на настанот беа спроведени во полициска станица и ќе им бидат поднесени пријави.

Министерството за внатрешни работи апелираше до граѓаните да не организираат какви било групирања, односно да ги почитуваат мерките за справување со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он