Полицијата работи, но за пет убиства од минатите три години во Скопје сторителите не се откриени

Од:

Пет убиства се нерасчистени во Скопје, од вкупно 24 кои се случија во изминативе три години. Полицијата трага, но не успева да ги најде сторителите. МВР не сака да каже за кои случаи се нерасчистени, повикувајќи се дека истрагите се тајни. Но, јавноста веќе ги знае најголем дел од нив. Две се случија во растојание од три месеци, а во текот на минатата година. Првото беше во Топанско поле каде беа убиени двајца скопјани на возраст од 24 и 28 години. Второто во Бутел каде исто загинаа две лица, Камер Идризи и неговиот внук. Годинава, се случи и трето убиство каде ликвидиран беше Јонуз Идризи, брат на убиениот Камер. Овие, но и други две убиства, се уште се истражуваат.

„На подрачјето на СВР Скопје во периодот од 2019 година до денеска случени се 24 убиства од кои расчистени се 19 убиства. Во врска со бараните информации за истраги на конкретните случаи-убиства, Ве известуваме дека СВР Скопје по насоки на ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случаите и по расчистувањето соодветно ќе ве информираме“, велат од МВР за „А1он“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека полицијата добро ја работи својата работа, а нерасчистените убиства не се во голем број.

„Имаме нерасчистени убиства и други кривични дела. Но не во голем број како што самите најавувате, но постојат такви кривични дела. Најважно во истрагата е да се обезбедат сите докази кои што ќе бидат потребни за да се докажат овие кривични дела односно да се докаже дека имаме сторител на тоа кривично дело и тој сторител да биде изведен пред лицето на правдата. Од аспект на полициското работење, сакам да укажам дека посветено од самиот настан до завршувањето на сите елементи во истражната постапка и одговор на сите барања од Јавното обвинителство, доследно се спроведуваат така како што ќе побара јавниот обвинител. Сметам дека и во тој дел треба да завршуваат постапките до крај, но и судските процеси“, вели Спасовски.

При извршувањето на убиствата, сторителите носеле фантомки и имале однапред смислен план. Ова во интервју за „А1он“ го откри шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски. Тој за сторителите кажа: „Во овој момент водат, но има второ полувреме“.

„Многу стручно е направено кривичното дело. Планирани се овие дејствија. Имајќи во предвид дека се планирани, планирани се како и да се скријат трагите на кривичното дело и сторителот. Трагите на кривичното дело не можеш да ги скриеш многу во однос на жртвите и дека е настаната последицата. Но, во однос на оружјето, на доказниот материјал кој пропратно се собира за да го утврдиш сторителот – е направено доста професионално. Верувам дека органот на откривање, тоа е МВР работи на сите овие случаи. Со своите криминалистички познавање, ќе утврди сторител, по што ОЈО ќе ги процесира. Мора да ги знаеме кој орган за што е. Орган на откривање е МВР“, кажа обвинителот Бубевски во интервјуто за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука