Полицијата пронајде автоматска пушка и куршуми во автомобил во Мала Речица

Од:

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово пронашле автоматска пушка и рамка со шест куршуми во автомобил „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Р.М. (33) од Горно Седларце, Тетовско.

Како што соопшти МВР, полицајците по претходно добиени сознанија вчера во 11:45 часот на улицата „172“ во селото Мала Речица го запреле возилото. При прегледот на возилото, пушката и рамката со куршуми биле пронајдени во торба на задното седиште.

Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал. Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец